• четврток, 27 јуни 2024

Осум лица починаа по пиење домашен алкохол во Иран

Осум лица починаа по пиење домашен алкохол во Иран
Техеран, 3 мај 2022 (МИА) - Осум лица починаа откако пиеле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, јавија локалните медиуми. Други 51 лице завршија во болница поради труење со алкохол, информираше д-р Фатемех Новрузијан за време на прес-конференција. Седумнаесет од нив биле во критична состојба на интензивна нега. Полицијата соопшти за апсење на осуммина под сомнение за производство и дистрибуција на алкохол. Производство, продажба, како и конзумирање на алкохол, е строго забрането во Исламската Република, со исклучоци за одредени верски малцинства. Казната за консумирање алкохол од страна на муслиман е 80 удари со камшик. Официјалните лица во Бандар Абас не ја идентификувале токсичната супстанција што била во домашно правениот алкохол. На почетокот на пандемијата од Ковид-19, лажно верување дека пиење или плакнење на устата со алкохол ќе го спречи коронавирусот, предизвика зголемен број труења  со метанол во Иран. бд/  

Остани поврзан