Осудените конгресмени го загубија правото на пензија, белоглавиот орел официјален симбол на САД
- Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони, со кои, меѓу другото, белоглавиот орел е прогласен за официјален симбол на земјата, а на членовите на Конгресот им се одзема правото на државни пензии во случај на осуда за кривично дело.
Вашингтон, 25 декември 2024 (МИА) - Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони, со кои, меѓу другото, белоглавиот орел е прогласен за официјален симбол на земјата, а на членовите на Конгресот им се одзема правото на државни пензии во случај на осуда за кривично дело.
Бајден вчера исто така потпиша нацрт-закон за борба против насилството и смртните случаи што се случуваат во универзитетските кампуси, како и во установите за рехабилитација и грижа за младите.
На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори и издаде целосно и безусловно помилување за неговиот син Хантер Бајден.
Бајден ќе се фокусира на инвестиции во инфраструктурни проекти и испраќање помош за Украина до крајот на неговиот мандат, пред официјално да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари. мс/
фото: ЕПА