Османовска и Божиновска дел од Балканското првенство во Србија
- Македонските атлетичарки Сара Османовска од клубот 7 Мај и Ана Божиновска од клубот Центар, денес ќе земат учество на Балканското првенство за млади младинци во Краљево, Србија.
Краљево, 14 август 2021 (МИА) – Македонските атлетичарки Сара Османовска од клубот 7 Мај и Ана Божиновска од клубот Центар, денес ќе земат учество на Балканското првенство за млади младинци во Краљево, Србија.
Македонките предводени од селекторот Кристијан Кајчевски веќе тренираа во Краљево пред почетокот на Балканското првенство.
Османовска ќе се натпреварува во скок во далечна, додека пак Божиновска ќе биде дел од трката на 400 метри. зс/