• понеделник, 23 декември 2024

Османи – Алзајани: Северна Македонија и Бахреин ќе ги продлабочуваат бизнис-релациите

Османи – Алзајани: Северна Македонија и Бахреин ќе ги продлабочуваат бизнис-релациите
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното собрание на ОН, се сретна со министерот за надворешни работи на  Кралството Бахреин, Абулатиф бин Рашид Алзајани, при што разговарале за билатералните односи и економската соработка.

Како што соопшти МНР, на средбата министерот Османи ги истакна заложбите за динамизирање на соработката особено во економската област, туризмот, трговијата и инвестициите.

Притоа, се посочува, беше нагласено дека двете земји имаат голем потенцијал за продлабочување на бизнис релациите, на што ќе биде посветено значително внимание во периодот што претстои.

Соговорниците изразиле очекување за забогатување на договорната рамка, како и идно зајакнување на соработката и во делот на мултилатералната дипломатија.

Воедно, биле разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и  за актуелните меѓународни прашања и регионални теми, стои во соопштението. вг/са/

Остани поврзан