• понеделник, 25 ноември 2024

Османи: Семејството со новороденче е извлечено од Харков, очекуваме денеска да ја напуштат Украина

Османи: Семејството со новороденче е извлечено од Харков, очекуваме денеска да ја напуштат Украина
Скопје, 2 март 2022 (МИА) – Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, образложувајќи дека тоа е долг пат којшто треба да се помине низ безбедни коридори. Додаде дека се во комуникација и оти очекуваат денеска да ја напуштат Украина. - Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегуваат од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина, така што продолжуваме со овие комуникации и со разговори со партнерските земји да ги извлечеме сите безбедно од Украина, рече Османи. Другите граѓани, посочи, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор. - Меѓутоа, прашањето е што они не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини -  безбедносни причини, немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор, така што имаме неколку околности коишто ги имаме предвид, меѓутоа комуницираме за да создадеме коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање, вели Османи. мс/са/

Остани поврзан