• недела, 30 јуни 2024

Османи: Северна Македонија има значајно место во франкофонското семејство

Османи: Северна Македонија има значајно место во франкофонското семејство
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод обележувањето на 50-годишнината од основањето на Организацијата на франкофонијата, денеска заедно со амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Монија Аксинте ја отвори изложбата „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“. - Оваа изложба преку автентични фотографии од архивите на Министерството за надворешни работи, Францускиот Институт во Скопје и други институции, ја покажува франкофонската традиција на нашата држава, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и франкофонската култура, истакна Османи. Тој рече дека фотографиите го покажуваат патот на Република Северна Македонија кон Франкофонијата и вложувањето во едно семејство, во кое се споделуваат истите вредности. Османи, исто така, соопшти дека интернет-страницата на МНР е достапна и на француски јазик, што според него, сведочи за посветеноста на нашата држава кон промоција на тој јазик. - Овој омаж на татковците-основачи на оваа престижна организација, која се залага за демократијата, слободата, за мирот, за солидарноста, но, исто така, се грижи и за заштита на културолошката различност. Северна Македонија има значајно место во франкофонското семејство од 2006 година, а францускиот јазик е дел од нашата историја и претставува неминовна иднина, рече Османи. Романската амбасадорка Адела Монија Аксинте рече дека и е чест што присуствува на оваа изложба. - Романија е 30 години членка на Франкофонијата и е нејзина регионален центар за Источна Европа. Романија активно учествува во клучните цели на оваа организација. Тоа значи, промовирање на францускиот јазик и културолошката и јазична разноликост, но и промовирање на демократијата, мирот, човековите права, солидарноста и поддршка на научното истражување, рече амбасадорката Аксинте, која додаде дека Романија развива широка програма за стипендии во франкофонски земји. ир/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан