• петок, 22 ноември 2024

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и на Латвија

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и на Латвија

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори за Република Северна Македонија на Големото Војводство Луксембург, Марк Хубиш, на нерезидентните амбасадори на Кралството Норвешка, со седиште во Белград, Кристин Мелсом и на Република Латвија, со седиште во Прага, Елита Кузма, соопшти МНР.

На засебните средби со амбасадорите, Османи им посакал добредојде и успех во вршењето на функцијата.

-Беше изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните пријателски односи на Северна Македонија со секоја од земјите, а воедно и истакната посветеноста за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и воспоставување нови динамики на секторската соработка. Беше реафирмирана поддршката на Луксембург, Норвешка и Латвија за ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија, домашната реформска агенда, како и за концептот за повеќе интеграција за земјите кандидати пред полноправното членство во Европската Унија, наведуваат од МНР.

Неопходноста од ефективна  мултилатерална соработка во актуелниот геополитички контекст, особено во рамки на ОН, НАТО и ОБСЕ исто така биле тема на разговор, стои во соопштението. вг/ац/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан