• понеделник, 23 декември 2024

Осимен ја прифати понудата: ПСЖ преговара со Наполи

Осимен ја прифати понудата: ПСЖ преговара со Наполи

Париз, 18 јули 2024 (МИА) - Виктор Осимен му кажа „да“ на Пари Сен Жермен и сега останува на францускиот клуб да се договори за висината на обештетувањето со Наполи. Заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид значеше почеток на сериозна потрага по напаѓач за шампионот на Франција, кој ќе треба да го носи најголемиот товар во сезоната.

Година и пол се игнорираат желбите на спортскиот сектор на парижаните, особено на спортскиот директор Луис Кампос. Тогаш беше спречена високото обештетување (140 милиони евра) што го бараше претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис, но денеска ситуацијата е поинаква.

Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте побарал од Де Лаурентис да го реши прашањето дали незадоволниот Осимен треба да остане или да замине што е можно поскоро, а се чини дека продажбата е конечната цел. Дали за 80, 90 или 100 милиони, останува на клубовите да се договорат. А, никогаш не е лесно со Де Лаурентис...

Доколку го продаде Осимен, Наполи ќе го доведе Ромелу Лукаку. Белгиецот е голема желба на Конте. Веќе постои некаков вербален договор меѓу двајцата, посочуваат медиумите во Италија. дс

Фото: Архива 

Остани поврзан