• недела, 17 ноември 2024

Осака: Ќе излажам ако кажам дека не чувствувам притисок пред УС Опен

Осака: Ќе излажам ако кажам дека не чувствувам притисок пред УС Опен
Њујорк, 28 август 2022 (МИА) - Двократната шампионка на УС Опен, Наоми Осака проговори за своето расположение во пресрет на Грен слемот. - Ќе излажам ако кажам дека се чувствувам многу смирено. Бев многу нервозна на тренингот денес. Мислам затоа што сакам да се претставам добро, а во последно време резултатите не ми се баш добри. Секако, не сакате да изгубите во првото коло на Грен слем. Во Њујорк обично настапувам добро. Се обидувам да го симнам притисокот, но тој секогаш ќе биде таму. Во првото коло добив многу тежок противник, а тоа само додава притисок, изјави Осака. Јапонската тенисерка во првото коло на Отвореното првенство на САД ќе се соочи со 19-та носителка, Американката Даниеле Колинс. зс/

Остани поврзан