• петок, 22 ноември 2024

Општина Чашка го подобри уличното осветлување со лед светилки

Општина Чашка го подобри уличното осветлување со лед светилки

Велес, 18 март 2024 (МИА) - Општината Чашка деновиве привршува со реализацијата на проектот за промена и подобрување на јавното улично осветлување на територијата на цела општина. Набавени се  нови 30 светлечки тела базирани на ЛЕД технологија.

Градоначалникот Горан Стојановски информира дека по замената на постоечките светлечки тела базирани на 58 W флуо цефки потрошувачката двојно се намалила, се подобрило уличното осветлување со нови 250 сијалични места од постоечките 1 500 сијалични места.

-Целта е да се подобри ефектот од јавното осветлување, а воедно да се намали потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување, потенцира Стојановски.

Тој појасни дека по спроведената јавна набавка со вкупна вредност од 4,6 милиони  денари се избрал најповолен понудувач по цена од 1 800 денари по светилка, а набавката била  сукцесивна, согласно потребите на Општина Чашка.

-Воедно дополнително Општина Чашка презема акција за дислокација на опремата за контрола на јавното осветлување од трафостаниците на ЕВН . Ова се јави како потреба поради полесно и побрзо отстранување на дефектите и создавање на безбедни услови за работа, појасни Стојановски.

Во тие рамки биле  изработени 20 разводни ормари со контролна автоматика за контрола на јавното осветлување. ад/дма/

Фото: Општина Чашка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан