• четврток, 09 април 2026

Општина Тетово заврши со реконструкција на сите улици во населбата Ајдучко Маало

Општина Тетово заврши со реконструкција на сите улици во населбата Ајдучко Маало

Тетово, 8 април 2026 (МИА) - Во тетовската населба Ајдучко Маало заврши реконструирањето на улиците „Александар Здравковски“, „Железничка“, „Ѓоце Симоски“, „Предраг Јанчевски“, „Дервиш Цара“ (ЈНА) и улица „118“, во урбаните блокови 55, 56 и 62, информираа од Општина Тетово.

Проектот опфатил гребење на постојниот асфалт, нивелирање на шахтите и ново асфалтирање

-Денес сме тука во оваа убава населба во центарот на градот каде што се асфалтирани сите улици со што оваа населба добива модерен изглед. Тоа што е направено пред 30 години требаше да дојдеме ние и овие улици да се асфалтираат и да се средат на ниво кое требало да биде направено и порано. Со ова покажуваме дека работиме за подобрување на животот на граѓаните во Тетово и конечно оваа населба живее во убави модерни услови, истакна градоначачникот Биљал Касами на промотивниот настан по повод завршување на градежните работи. 

Обновени се улици со вкупна должина од 1.515 метри и површина од 11.683 м². Вкупен износ на договорот со фирмата изведувач изнесува 25.786.389 денари со вклучен ДДВ. ас/вг/

фото Општина Тетово 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан