• четврток, 04 јули 2024

Општина Радовиш објави конкурс за стипендирање на ученици од основно и средно образование

Општина Радовиш објави конкурс за стипендирање на ученици од основно и средно образование

Радовиш, 17 јануари 2024 (МИА) - Општина Радовиш објави конкурс за доделување на вкупно 29 стипендии на ученици од основното и средното образование. За ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одеделение висината на стипендијата изнесува 2.500 денари, а за средношколците 3.000 денари.

На основците ќе им бидат доделени 16, на средношколците 13 стипендии по основ на постигнат успех и социјални критериуми.

Сите ученици стипендијата ќе ја добиваат девет месеци, односно во текот на една учебна година.

Заинтересираните треба да ги достават своите барања до 30 овој месец во просториите на Општина Радовиш. рт/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан