• петок, 22 ноември 2024

Општина Куманово склучи договор за изградба и санација на спортски игралишта

Општина Куманово склучи договор за изградба и санација на спортски игралишта
Куманово, 19 април 2021 (МИА) - Општина Куманово одвои 10.244.958,24 денари за набавка, транспорт и поставување тартан подлога на игралишта и реконструкција на одредени локации во градот, информираа денеска надлежните од одделението за јавни набавки. Според склучениот договор, избраниот економски оператор „ИНТЕКО Иван ДООЕЛ Скопје“, ќе има рок од месец дена да заврши активности на терен, откако ќе добие барање од општината. Претходно и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека планира да се санираат и изградат нови спортски игралишта населбата Гоце Делчев, „Кошеви“, каде комплетно ќе бидат реконструирани двете спортски игралишта, за ракомет и кошарка. На игралиштето во село Долно Којнаре ќе се санира подлогата и кај училиштата „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ ќе се гради ново игралиште. Тартан подлога беше поставена и на спортските игралишта во средните училишта во Куманово во гиманзијата „Гоце Делчев“ и во двете стручни училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“. ам/цр

Остани поврзан