• петок, 05 декември 2025

Општина Куманово ги повика здруженијата да аплицираат на вториот повик за поддршка за активности од социјална заштита

Општина Куманово ги повика здруженијата да аплицираат на вториот повик за поддршка за активности од социјална заштита

Куманово, 5 јуни 2025 (МИА) - Надлежните од Секторот за социјална заштита од општина Куманово денеска ги повикаа заинтересираните здруженија кои нудат услуги за вон-семејсна заштита да аплицираат на вториот јавен повик за финансиска поддршка, на здруженија кои спроведуваат активности од областа на социјална заштита. Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, подготовка или воспоставување на социјални услуги, како дел од социјалниот план на Општина Куманово 2023-2026 година.

-Здруженијата кои имаат потреба од помош при апликацијата или за какво било прашање нека се обратат до вработените во зградата спроти градски стадион. Вкупно, општина Куманово одвои три милиони денари, на првиот повик беа потрошени 2, 4 милиони денари, а сега остануваат 600.000 денари, изјави раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

Финансиска поддршка се однесува и на здруженија, кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП, а до денот на објавување на јавниот повик немаат добиено лиценца за работа на територија на Општина Куманово. Повикот се распишува врз основа на програмата за развој на социјална заштита за 2025 година и правилникот за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка. Финансиската поддршка од овој правилник не се однесува на здруженија, кои веќе имаат добиено лиценца за спроведување на социјалната услуга од страна на ресорното Министерство, а за која бараат финансиска поддршка преку јавниот повик објавен од општината. Право на финансиска поддршка не можат да добијат здруженија, кои три години последователно имаат добиено финансиски средства од за развој на социјални услуги преку објавените повици.

Подносители на барањата можат да бидат здруженија кои се регистрирани во Централен регистар со седиште во Куманово, да имаат статут и програма за работа за 2025 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита, најмалку тригодино постоење, успешно реализирани активности, да имаат работно ангажирано минимум едно лице.

Подносители на барањата треба да достават апликативен формулар, изјава, тековна состојба од Централен регистар на статут, програма, потврда од Управа за јавни приходи (УЈП), трансакциска сметка. Документацијата треба да се достави до архивата најдоцна до 10 јуни, годинава кога завршува повикот. ам/сст/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан