• сабота, 23 ноември 2024

Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет

Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет
Скопје 3 март 2022 (МИА) - Градоначалникот Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј - Скопје, Огнен Марина потпишаа  Меморамдум за соработка, со кој ќе се овозможи вклучување на Архитектонскиот факултет во проектот за идејно решение за „Расадник“, како хуман кварт за живеење. -Меморандумот опфаќа соработка на повеќе полиња од областа на урбанизмот и архитектурата, како научни и стручни истражувањa и анализа на архитектонски и урбанистички проблеми, како и давање стручни мислења при изработка на стратегии, студии, анализи, проекти, елаборати и извештаи и друга помош поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти посебно на полето на урбаниот развој, одржливиот развој, енергетската ефикасност на објектите, заштитата на животната средина и културното наследство, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода. Како една од првите активности, како што е наведено во соопштението, ќе биде и обука на советниците од Советот на Општина Кисела Вода од страна на професори од Архитектонскиот факултет. - Општина Кисела Вода од наредната недела започнува со заедничка работа со Архитектонскиот факултет, со Комората на овластени архитекти и инженери, со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и со неодамна оформеното Партиципативно тело од граѓани, со цел финално обликување на меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за „Расадник“, по што истиот ќе биде објавен за домашната и за меѓународната јавност, се додава во соопштението.сх/дма/

Остани поврзан