• четврток, 04 јули 2024

Општина Дојран годинава ќе реализира значајни инфраструктурни проекти

Општина Дојран годинава ќе реализира значајни инфраструктурни проекти

Дојран, 25 јануари 2024 (МИА) - Општина Дојран годинава ќе реализира значајни инфраструктурни проекти од кои некои се започнати лани, а други ќе се завршат годинава. Во тек е санацијата и реконструкција на главната канализациска мрежа со средства кои се обезбедени од повеќе фондови, меѓу кои и 65 милиони денари директно од Министерството за животна средина и просторно планирање, а изградена и целосна канализиска мрежа во селото Црничани.

Како што информираат од Општината, во крајна фаза е тендерската постапка за изградба на нова пречистителна станица, а за неа со програмата за 2024 година на Министерство се обезбедени дополнителни 53.000.000 денари.

-Изработени се целосни проектни документации за две мини пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, а набргу следува и нивна реализација, а подготвена е и ревидирана целосната проектна документација за канализациска мрежа во селото Николиќ за која се очекуваат средства од Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на овој проект, велат од локалната самоуправа и додаваат дека со овие инвестиции се решаваат децениски и круцијални проблеми.

Покрај овие инвестици, преку Програмата за водовод и канализација за која се обезбедени околу 29.000.000 денари, набргу ќе започне постапка за изградба на нови капацитети за водоснабдување во Стар Дојран и решавање на овој долгогодишен проблем. рт/дма/

Фото: Општина Дојран

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан