• недела, 22 декември 2024

Општина Гостивар: Повторно отворена канцеларијата за иселениците

Општина Гостивар: Повторно отворена канцеларијата за иселениците
Гостивар, 5 јуни 2021 (МИА) - Гостиварските општински административци до крајот на летото ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања. Од денес во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда ќе функционира посебна канцеларија по едношалтерски систем. Работното време ќе биде продолжено и канцеларијата ќе биде отворена до 18:00 часот. Од Општина Гостивар информираа дека по повод доаѓањето на печалбарите во родниот повторно ја ставаат во функција Канцеларијата за иселениците. – Очекуваме оваа година бројот на иселеници кои ќе дојдат во родниот крај да биде значително поголем, затоа им посакуваме пријатен престој, повикувајќи ги сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19!, велат од Општината. Локалната самоуправа со отворањето на оваа канцеларија на печалбарите им овозможува подобро информирање за услугите и до кои институции да се обратат. Канцеларијата изминативе години се отвора, во летниот период и околу новогодишните празници. згм/сст/  

Остани поврзан