• недела, 22 декември 2024

Општина Гостивар: Немало физички напад во просториите на седиштето на локалната самоуправа

Општина Гостивар: Немало физички напад во просториите на седиштето на локалната самоуправа

Гостивар, 30 октомври 2024 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа демантира дека вчера се случил физички напад врз две жени во просториите на општина Гостивар и побараа објективно да се известува за настанот. Нападот се случил во непосредна близина на општинската зграда.

- Општина Гостивар ја демантира веста на порталот „Pa Censurë“ и други портали, дека вчерашниот случај кој беше пријавен дека се случил во општина Гостивар се случил и во зградата. Предметниот случај нема никаква врска со општина Гостивар и бараме од медиумите објективно да известуваат. Во целост ги демантираме написите кои излегоа во јавноста, стои во соопштението на службата за информирање на општина Гостивар.

Оттаму посочуваат дека таков настан имало во делот на зградата во која се сместени подрачни единици и управи на министерствата, кои се во непосредна близина на седиштето на општина Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи информира дека вчера попладне во ОВР Гостивар во 14:00 часот бил пријавен физички напад.

- Р.С.(32) од Гостивар пријавила дека околу 10:00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува Реџепи. згм/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан