• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Гевгелија ги повика граѓаните да пријават штети од невремето од 28 март

Општина Гевгелија ги повика граѓаните да пријават штети од невремето од 28 март

Гевгелија, 1 април 2025 (МИА) - Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети од невремето од 28 минатиот месец, кога регионот бил зафатен со дожд и град, дека можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија, заклучно со 4 април 2025 година во периодот од 08:00 до 16:00 часот во Општината.

Во објавата на општинската веб страница се наведува дека во прилог на барањето, кое може да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, граѓаните треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено и копии од лична карта и трансакциска сметка.

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања од граѓаните во периодот по 4 април. рт/сст/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан