• среда, 03 јули 2024

Општина Гази Баба ќе доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти

Општина Гази Баба ќе доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) -  Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување стипендии на  талентирани ученици и ученици спортисти од територија на општината  за учебната 2022/2023 година. Ќе бидат доделени 21 стипендија на талентирани ученици и 21 стипендија на ученици спортисти. Рокот за поднесување пријави од заинтересираните кандидати е до 15 октомври 2022.
  -Стипендијата изнесува 3.000 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба. Стипендијата се исплаќа од 1 до 5 во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од  септември од тековната календарска година заклучно со мај од наредната календарска година, е наведено во Конкурсот.
Како што соопшти градоначалникот Бобан Стефковски, целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба.
-Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат бројни успеси, што за мене беше показател дека општината треба да преземе чекор на стипедирање на овие ученици. Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат, напиша Стефковски на Фејсбук. хс/са/ 

Остани поврзан