• четврток, 19 декември 2024

Општина Велес одржа консултативна средба со учениците за нивно поголемо учество во локалното планирање

Општина Велес одржа консултативна средба со учениците за нивно поголемо учество во локалното планирање

Велес, 8 октомври 2024(МИА)-Во Европска куќа во Велес, се одржа консултативна  средба со  учествуво на триесетина ученици од основните и средните училита во градот, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. Проектот го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП, информраат денеска од Општина Велес.

Тие  појаснуваат дека  целта  на консултативната средба  била  да се унапредат правата на децата и да се зголеми нивното учество во локалното планирање.

-На консултативната средба се развила енергична дискусија во која децата ги изнеле своите размислувања, идеи и потреби во секојдневниот живот и ги адресирале до Општина Велес. Свесни за постоењето на позитивните но и негативните појави и случувања во средината во која живеат, побарале од општината подобрување на животната средина, решавање на проблемот со кучињата скитници, решавање на проблемот со уличното осветлување и уште многу други градски проблеми и теми, се наведува во соопштението од Општината.

Општината Велес, воедно, појаснуваат дека консулстативните средби со децата имаат за цел да овозможат да се идентификуваат клучните проблеми во остварување на детските права од нивна перспектива и да се приберат нивните очекувања за тоа што треба да се преземе и промени во локалната заедница.

Од Општината најавуваат дека  врз основа на анализата на потребите ќе се креира стратешки план за унапредување на правата на децата и нивното вклучување во локалното планирање. ад/вг/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан