Општина Велес додели субвенции за велосипеди на 36 граѓани
- Општина Велес ги издаде решенијата за одобрување на барањата за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2026 година.
Велес, 20 јули 2026 (МИА) – Општина Велес ги издаде решенијата за одобрување на барањата за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2026 година.
По завршувањето на јавниот повик, спроведените административни процедури од страна на комисијата и јавното извлекување, одобрени се барањата за субвенции на 36 физички лица, информираат од Општина Велес.
Со мерката, на одобрените баратели ќе им бидат надоместени 50 проценти од трошоците за набавка на велосипед, но најмногу до 4.500 денари по лице, во износ со вклучен персонален данок на доход.
Од Општина Велес информираат дека списокот со имињата на добитниците на субвенции е објавен на официјалната веб-страница на локалната самоуправа. ад/
Фото: Општина Велес