• понеделник, 23 декември 2024

Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетот за идната година

Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетот за идната година
Струмица, 4 октомври 2022 (МИА) - Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на програмите и буџетот за 2023 година преку формулар на општинската страница со која на најбрз, едноставен и лесен начин можат да ги достават своите предлози и идеи. -Почитувани сограѓани, заедно да го креираме буџетот на Општина Василево за 2023 година. Вашето учество во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, Општина Василево упатува отворена покана до сите свои граѓани до 10 ноември 2022 година со сопствени предлози и идеи да се вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината, стои во објавата на локалната самоуправа. Предлозите и идеите граѓаните може да ги достават лично во просториите на Општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината или преку специјално за таа намена креираниот формулар на општинската интернет страница. рт/дма/

Остани поврзан