• понеделник, 23 декември 2024

Општина Битола и РК Еурофарм Пелистер подготвуваат шампионски ракометен хепенинг

Општина Битола и РК Еурофарм Пелистер подготвуваат шампионски ракометен хепенинг

Битола, 26 мај 2023 (МИА) - Општина Битола и ракометниот клуб Еурофарм Пелистер подготвуваат славенечки ракометен хепенинг со кој утревечер на плоштадот „Магнолија“ ќе се прослави освојувањето на шампионската титула на клубот.

Пред утрешниот ракометен натпревар меѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Тиквеш, битолските ракометари ги посети градоначалникот Тони Коњановски и јавно се заблагодари за резултатите со кои официјално, после 18 години, шампионската титула во ракомет се враќа во Битола.

-Високото ракометно достигнување за сезоната 2022/23, претставува голем повод за славање на сите битолчани, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени поддржувачи на ракометот во Битола. Токму затоа, РК Еурофарм Пелистер и Општина Битола, на плоштадот Магнолија, организираат централна прослава за сите битолчани, која ќе почне  по завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот, информираа од тамошната локална самоуправа.

На ракометниот хепенинг ќе биде изведена богата забавна, музичка и спортска програма. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан