Општина Битола изрази жалење за нападот од улично куче врз дете
- Општина Битола изразува жалење за немилиот настан, кој се случил вчера на плоштадот Магнолија, каде осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче.

Битола, 14 април 2025 (МИА) - Општина Битола изразува жалење за немилиот настан, кој се случил вчера на плоштадот Магнолија, каде осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче.
Од секторот за односи со јавност соопштија дека благодарение на навремена интервенција, детето е соодветно згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му е пружена неопходната медицинска помош, повредата е санирана, а детето е пуштено на домашно лекување со препишана терапија и лекарски препораки.
Во контакт со родителите, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше информиран дека детето се чувствува добро, но сеуште чувствува страв, после вчерашната случка, иако станува збор за дете кое ги сака кучињата и честопати знае да игра со нив. Коњановски посакувајќи му брзо закрепнување на детето, во разговорот со родителите нагласи дека, општината интензивно работи на решавање на проблемот со бездомните кучиња, соопштија од тамошната локална самоуправа.мт/
Фото: МИА