• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Битола додели два милиони денари за семејствата на починатите и повредените во Кочани

Општина Битола додели два милиони денари за семејствата на починатите и повредените во Кочани

Битола, 21 март 2025 (МИА) - Советот на Општина Битола на вонредна седница донесе одлука од локалниот буџет да издвои два милиони денари, финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.

Членовите на општинскиот совет и градоначалникот Тони Коњановски со минута молчење оддадоа почит на загинатите лица, а потоа посакаа брзо заздравување на повредените кои во моментов се лекуваат во државата и странство. 

- Битола сочувствува со болката на семејствата на починатите. Нашиот град секогаш е солидарен и затоа во оваа прилика се издвојуваат еден милион денари како финансиска помош и за повредените исто така еден милиони за повредените, посочи Габриела Илиевска, претседателка на Совет на Општина Битола.мт/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан