Општина Битола вклучена во проект за „Инклузија на деца Роми во детски градинки“
- Општина Битола потпиша Договор за соработка во проект за инклузија на деца Роми во детските градинки, кој ќе го реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Битола, а во функција на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“-Битола.
Битола, 24 ноември 2025 (МИА) - Општина Битола потпиша Договор за соработка во проект за инклузија на деца Роми во детските градинки, кој ќе го реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Битола, а во функција на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“-Битола.
Од Општина Битола информираа дека Договорот го потпишаа министерот Фатмир Лимани, градоначалникот Тони Коњановски и директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Весна Лозановска со кој во учебната 2025/2026 година, ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од Битола се обврзува да изведува воспитно - згрижувачка дејност во воспитни групи за 20 деца Роми на возраст од 3-6 години, кои се во социјален ризик, согласно препораката од Владата, во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи- детски градинки".
Целта на проектот е да се обезбеди поголем пристап до предучилишните установи на деца Роми, нивна инклузија и социјализација, како и подигнување на свеста на родителите од важноста за образованието на нивните деца, посочија од Општина Битола. мт/дма/
Фото: Општина Битола