• среда, 18 декември 2024

Општина Берово ги исплати средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години

Општина Берово ги исплати средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години

Берово, 18 ноември 2024 (МИА) – Општина Берово ги исплати средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години, соопшти денеска градоначалникот Звонко Пекевски. Средствата како што информираше се исплатени во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година на Општина Берово.

- Ги известуваме жителите на Општина Берово, дека денеска, се исплатени средствата за поддршка на лица со попреченост до 26 години, во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година на Општина Берово. Исплатени се вкупно 140.000,00 денари или по 10.000,00 денари на 14 семејства, во кои има лице со попреченост, како еднократен паричен надоместок, информираше Пекевски.

Целта на оваа мерка како што додаде е да се помогне на овие семејства, да можат да покријат дел од трошоците и да биде придонес во семејниот буџет.

- Поради тоа се повикуваат сите семејства, во кои има лице со попреченост до 26 години, да поднесат барање до Општина Берово и да ја искористат оваа мерка, истакна градоначалникот на Берово во своето соопштение.

Според него мерката е од особено значење, потенцирајќи дека грижата за сите во локалната заедница, е важен фактор во севкупниот развој на истата. вс/ир/

Фото: општина Берово

Остани поврзан