• понеделник, 23 декември 2024

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош од 3.000 денари на семејствата со прваче. Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30 септември 2021 година. Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин изјави дека целта на овој проект е да се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. За оваа намена Општината издвои 3.100.000 денари. Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Од Општина Аеродром информираат дека потребно да се достават следниве документи: потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето), фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром и фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан