• недела, 14 јули 2024

ООЦК Велес ги додели признанијата за 100, 75 и 50 пати дарувана крв

ООЦК Велес ги додели признанијата за 100, 75 и 50 пати дарувана крв
Велес,16 март 2021 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Велес денеска беше одбележан 17 Mарт - Денот на крводарителството. По тој повод, беа врачени признанијата за хуманите крводарители кои во 2019 и 2020 година достигнаа јубилејни 50, 75 и 100 дарувања.
Признанијата беа доделени на 40-тина крводарители за двете изминати години, бидејќи лани поради пандемијата со Ковид-19, не беа врачени.
Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, потенцира дека Општинската организација на Црвен крст им изразува благодарност за големата хуманост на овие како и на сите крводарители од Општина Велес, Градско и Чашка, а посебно на Звонко КарталовЃоре ПетковАцо Давчевски и Милан Николов кои по 100 пати доброволно даруваа крв, за да спасат нечиј живот во опасност. 
ООЦК Велес им изрази благодарност за хуманоста на Ацо Думовски, Драган Ивановски, Јоце Алексовски, Ангел Леов, Борко Дејанов, Миланчо Митревски и Стефан Нацев за 75 дарувања на крв, како и на 30 крводарители за 50 пати дарувана крв.
Како компанија која го поддржува крводарителство благодарница доби Marquardt Македонија, ПОУ „Маца Овчарова“ и Основната организација на Црвен крст од Градско, а Васко Трајковски е награден со благодарница за мотиватор за крводарителство.

Инаку, поради пандемијата со Ковид- 19 оваа година не се одржа традицонална манифестација со посебни обраќања и културно уметничка програма. 

На планот на крводарителството во 2020 година зацртаниот план за крводарување од 1861 крвна единица ООЦК Велес го натфрли за 182,95 проценти со собрани 3390 крвни единици, и е на второто место во земјава, а со што заостанува за минимални 0,8 проценти зад ООЦК Виница која е прва на планот за крводарување во 2020 година.

ООЦК Велес беше прворангирана на планот на крводарувањето во 2018 и 2019 година и претходно уште многу години наназад.

По повод Денот на крводарувањето, ООЦК Велес утре од 9 до 15 часот организира акција за крводарување во Ликовниот салон во Велес, на која може да учествуваат сите заинтересирани граѓани.ад/бт/

Остани поврзан