• недела, 22 декември 2024

ОН: 30.000 деца злоставувани во кампови, затвори и центри за рехабилитација во Сирија

ОН: 30.000 деца злоставувани во кампови, затвори и центри за рехабилитација во Сирија

Њујорк, 11 март 2024 (МИА) - Во извештајот на независната меѓународна истражна комисија на ОН за Сирија, објавен денеска, се наведува дека и по пет години од поразот на терористичката Исламска држава (ИД) во таа земја, речиси 30.000 деца на милитанти и нивните помагачи од различни националности се жртви на злоупотреба во кампови, затвори и центри за рехабилитација на североистокот на Сирија.

Во извештајот на комисијата се наведува дека повеќето од тие деца биле донесени во делови од Сирија и Ирак од нивните родители, откако ИД прогласи калифат таму во 2014 година. ОН ги повика земјите од каде што потекнуваат децата да ги вратат и да ги интегрираат во нивните општества.

Најголем број деца има во бегалскиот камп Ал Хол, во кој се сместени десетици илјади луѓе, главно жени и деца на борците на ИД и нивните поддржувачи.

Помал број деца се во кампот Рој, додека тинејџерите се држат во затвори и рехабилитирани од Сириските демократски сили предводени од Курдите.

Во извештајот на Комисијата на ОН се наведува дека условите за живот во бегалските кампови Ал Хол и Рож едноставно може да се опишат како „сурово и нечовечко постапување и нарушување на личното достоинство“.

Во кампот Ал Хол, во кој некогаш биле сместени повеќе од 70.000 луѓе, главно Сиријци и Ирачани, денес има речиси 45.000 луѓе, бидејќи некои земји веќе ги вратиле во татковина, според локален функционер.

Граѓани од други националности живеат во делот од кампот познат како „Поткровје“, кој се смета за дом на најтврдокорните поддржувачи на ИД, од кои многумина дојдоа во Сирија и Ирак уште во 2014 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан