• петок, 22 ноември 2024

ОН: Постојат индикации дека безбедносните сили во Бангладеш употребиле прекумерна сила

ОН: Постојат индикации дека безбедносните сили во Бангладеш употребиле прекумерна сила

Женева, 16 август 2024 (МИА) - Обединетите нации денеска соопштија дека има „силни индикации“ дека безбедносните сили во Бангладеш користеле „неоправдана и непропорционална“ сила за време на немирите што доведоа до соборување на премиерката Шеик Хасина Вазед, пренесоа француските медиуми.

-Постојат силни индикации, кои гарантираат отворање на натамошна независна истрага, дека безбедносните сили употребиле прекумерна и непропорционална сила во начинот на кој реагирале на ситуацијата, се вели во прелиминарниот извештај објавен од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права.

Се верува дека повеќе од 500 луѓе загинале за време на неколкунеделните национални студентски протести со кои се бара прекин на контроверзниот систем на квоти за работни места кој на крајот ескалира и доведе до оставка на Хасина, забележа ДПА.

Властите во земјата започнаа истраги за наводни убиства, геноцид и злосторства против човештвото извршени од соборената премиерка, нејзиниот кабинет и високи безбедносни функционери поради нивното справување со протестите. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан