• петок, 22 ноември 2024

ОН: Околу 10 милиони Украинци ги напуштија домовите поради руската инвазија

ОН: Околу 10 милиони Украинци ги напуштија домовите поради руската инвазија
Њујорк, 23 март 2022 (МИА) - Обединети нации соопштија дека околу 10 милиони Украинци морале да ги напуштат своите домови поради руската инвазија. Координаторот на ОН за хуманитарни прашања и вонредни ситуации Мартин Грифитс изјави дека околу 6,5 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина. Тој додаде дека бегалската криза има „најважен хуманитарен приоритет, приоритетот на човековите права“. Грифинс наведе дека во тек се напори да се постигне примирје меѓу Русија и Украина за евакуација на луѓето преку хуманитарни коридори. ми/

Остани поврзан