• среда, 26 јуни 2024

ОН: Глобалната хуманитарна помош се соочува со недостиг од 40,8 милијарди долари

ОН: Глобалната хуманитарна помош се соочува со недостиг од 40,8 милијарди долари

Женева, 18 јуни 2024 (МИА) - Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк денеска изјави дека недостигаат 40,8 милијарди долари за хуманитарна помош ширум светот.

Тој посочи дека воените трошоци минатата година на глобално ниво изнесувале 2,5 трилиони долари, што е зголемување за 6,8 проценти во споредба со 2022 година.

Според Турк минатогодишното зголемувањето на воените расходи е најголем пораст од 2009 година. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан