• петок, 22 ноември 2024

Ален Берсе нов генерален секретар на Советот на Европа

Ален Берсе нов генерален секретар на Советот на Европа

Стразбур, 26 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот швајцарски претседател Ален Берсе е избран за генерален секретар на Советот на Европа со мандат од пет години, за време на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Во вториот круг од изборите Берсе доби 114 гласа, додека останатите кандидати - поранешниот министер за култура на Естонија Индрек Саар и поранешниот министер за финансии на Белгија Дидие Рејндерс - добија 85, односно 46 гласа, објави ПССЕ.

Мандатот на Берсе ќе почне на 18 септември. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан