• вторник, 05 ноември 2024

ОН: Во февруари преполовено количеството помош што влезе во Појасот Газа

ОН: Во февруари преполовено количеството помош што влезе во Појасот Газа

Газа, 27 февруари 2024 (МИА) – Количеството на испорачана помош за населението на Појасот Газа, според податоците на ОН, е преполовено во февруари во однос на претходниот месец, пренесе денеска ДПА.

„Помошта треба да се зголемува, а не да се намалува, за да се одговори на огромните потреби на два милиона Палестинци кои живеат во очајни услови“, објави Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци –УНРВА, на платформата X.

„Меѓу пречките се недостатокот на политичка волја, редовното затворање на премините и недоволната безбедност поради воените операции, како и уривањето на граѓанскиот поредок“, додаде тој.

Од ОН додаваат дека во текот на овој месец просечно дневно во крајбрежната енклава влегуваат само 98 камиони со хуманитарна помош.

Израел, кој од 7 октомври води безмилосна војна против исламистичкиот Хамас, заедно со Египет ги контролира граничните премини кон Појасот Газа.

Лазарини тврди дека прекинот на огнот и укинување на опсадата на Појасот Газа се потребни за да се овозможи испорака на стоки за спасување животи и комерцијално движење на стоки. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан