ОН: Бројот на присилно раселени лица до крајот на годинава ќе надмине 130 милиони
- Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека до крајот на 2024 година се очекува бројот на присилно раселени или лица без државјанство да надмине 130 милиони.
Њујорк, 5 декември 2023 (МИА) - Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека до крајот на 2024 година се очекува бројот на присилно раселени или лица без државјанство да надмине 130 милиони.
„Повеќе од 130 милиони луѓе се очекува да бидат насилно раселени или да останат без државјанство до крајот на 2024 година. УНХЦР е посветена на заштита на овие луѓе“, се наведува во нивната објава на мрежата X.
УНХЦР побара од своите партнери итна финансиска поддршка.
Во својот извештај објавен на 25 октомври, УНХЦР наведе дека проценетиот број на присилно раселени поради тековната војна, насилство и кршење на човековите права низ светот се зголемил за четири милиони меѓу јуни и септември оваа година, надминувајќи 114 милиони. ссм/
фото: архива