• недела, 22 декември 2024

ОН бараат истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

ОН бараат истрага за цивилните жртви и штетите во Украина
Њујорк, 18 март 2022 (МИА) - Потсекретарката на Обединети нации за политички прашања, Розмари Ди Карло синоќа побара истрага и одговорност за масовните жртви и уништувањето на стотици домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура за време на руската инвазија врз Украина. Таа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека „меѓународното хуманитарно право е кристално јасно“ во забраната за напади врз цивили и обезбедувањето нивна заштита. Ди Карло ги наведе најновите податоци на Канцеларијата за човекови права на ОН: Од почетокот на војната до 15 март загинале 1.900 цивил, од кои 52 деца, а 1,174 се повредени. - Според проценките на Програмата за развој на ОН (УНДП), доколку војната продолжи, 90 отсто од населението на Украина ќе се соочи со сиромаштија и екстремна економска ранливост, додека земјата и соседниот регион ќе се вратат децении наназад, посочи Дикарло. ми/

Остани поврзан