• сабота, 18 мај 2024

Омаж за ликот, делото и значењето на македонски композитор Томе Манчев

Омаж за ликот, делото и значењето на македонски композитор Томе Манчев
Скопје, 27 април 2022 (МИА) - „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев" е насловен омажот за ликот, делото и значењето на неодамна починатиот македонски композитор Томе Манчев, што ќе се одржи вечерва во Кинотеката. Омажот “По стапките на…” е посветен на Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција. свс/сп/

Остани поврзан