• понеделник, 23 декември 2024

Оливеира најбрз на трката од Мото ГП за Големата награда на Индонезија

Оливеира најбрз на трката од Мото ГП за Големата награда на Индонезија
Ломбок, 20 март 2022 (МИА) - Пилотот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на денешната трка во Мото ГП возена во Индонезија. Второто место му припадна на Фабио Квартаро од Јамаха, а трето на Жоан Зарко од Прамак-Дукати. Полјакот Квартаро на стартот падна на петтото место, каде што помина значителен дел од трката, но потоа шампионот успеа да се пробие на второто место. Хорхе Мартин (Прамак) и Андреа Довициозо (РНФ) се откажаа, додека Марк Маркез (Хонда) ја пропушти трката поради падот на утринското загревање. Резултати на првите петтопласирани:
  1. Мигел Оливеира (КТМ) - 20 круга
  2. Фабио Квартаро (Јамаха) +2,205 секунди
  3. Жоан Зарко (Прамак-Дукати) +3.158
  4. Џек Милер (Дукати) +5.663
  5. Алекс Ринс (Сузуки) +7.044.
Генерален пласман на првите пет:
  1. Енеа Бастианини - 30 бода
  2. Бред Бајндер - 28
  3. Фабио Квартаро - 27
  4. Мигел Оливеира - 25
  5. Жоан Зарко - 24. зс/

Остани поврзан