• недела, 05 јануари 2025

Околу 270 илјади Германци ја поддржуваат петицијата за целосна забрана на приватната употреба на огномет

Околу 270 илјади Германци ја поддржуваат петицијата за целосна забрана на приватната употреба на огномет

Берлин, 3 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од четвртина милион Германци потпишаа онлајн петиција со која се бара целосна забрана на огномети за приватна употреба ширум земјата по уште една новогодишна ноќ, обележана со смртни случаи и повредени во Германија, јави ДПА.

До денес на пладне, околу 270.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која беше покрената од берлинскиот огранок на полицискиот синдикат пред две години.

Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени за време на новогодишните прослави во Германија, каде што, за разлика од многу други земји, може да се купат огномети за лична употреба во деновите пред новогодишната ноќ.

Во петицијата, исто така, се бара да се прекинат инцидентите на насилство врз полицајците и службениците на итната помош.

-Повикуваме на целосна забрана на огнометот за приватна употреба, како што е случај во многу земји. Ова вклучува и соодветна забрана за продажба на секој кој не се занимава професионално со тоа, се наведува во петицијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан