• понеделник, 23 декември 2024

Оклахома израмни во серијата со Далас, Дончиќ постигна трипл-дабл

Оклахома израмни во серијата со Далас, Дончиќ постигна трипл-дабл

Далас, 14 мај 2024 (МИА) - Оклахома утрово го совлада Далас со 100:96 во четвртиот натпревар од второто коло на плејофот во НБА лигата. Резултатот во серијата стана израмнет – 2:2.

Најпродуктивен играч на средбата беше кошаркарот на Оклахома Сити Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна 34 поени. 

Лидерот на Маверикс, Лука Дончиќ постигна трипл-дабл од 18 поени, 13 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Петтиот меч во серијата ќе се одигра на 16 мај на паркетот во Оклахома.

На првиот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник Бостон селтикс го совлада Кливленд кавалирс со 109:102. Селтикс водат со 3:1 во серијата прв до четири победи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан