• недела, 22 декември 2024

ОИ: Леброн Џејмс американски знаменосец

ОИ: Леброн Џејмс американски знаменосец


Њујорк, 22 јули 2024 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, 39-годишниот Леброн Џејмс е избран за машки знаменосец на САД на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз в петок.
За најдобриот стрелец во историјата на НБА и освојувач на четири шампионски титули со три различни тимови ова ќе бидат четврти Олимписки игри во кариерата. Досега има освоено две златни (Пекинг 2008, Лондон 2012) и едно бронзено одличје (Атина 2004).
„Неверојатна чест е да се претставуваат САД на глобалната сцена, особено во момент што може да го обедини светот. За едно дете од Акрон, оваа одговорност значи сè, не само за мене, туку и за моето семејство, сите деца од мојот роден град, моите соиграчи, колеги олимпијци и луѓето низ целата земја кои имаат високи аспирации. Спортот има моќ да нè обедини и горд сум што сум дел од тој важен момент“, изјави Џејмс.
Носителите на американското знаме на свеченото отворање ги избираат самите спортисти. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан