• среда, 27 ноември 2024

Од 18 мај во Италија ќе биде дозволено одржување миси 

Од 18 мај во Италија ќе биде дозволено одржување миси 
Рим, 7 мај 2020 (МИА) - Италијанската Влада и Италијанската бискупска конференција (ЦЕИ) денеска постигнаа договор од 18 мај да биде дозволено одржување на миси. Во Италија втората фаза за укинување на рестриктивните мерки почна во понеделникот, при што се дозволени погреби со максимално присуство на 15 луѓе. На мисите ќе мора да се почитуваат строгите мерки за физичка дистанца, а верниците ќе мора да носат маски. Се очекува италијанската Влада да дозволи и ограничени собири на луѓето од друга вероисповед, вклучително муслиманите, Евреите и протестантите. ми/

Остани поврзан