• вторник, 24 декември 2024

Од 1 јануари поевтинува струјата за албанските граѓани

Од 1 јануари поевтинува струјата за албанските граѓани

Тирана, 5 ноември 2024 (МИА) - Вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку денеска изјави дека од 1 јануари 2025 година ќе има намалување на цената на струјата за сите граѓани.

-Подолго работиме со Електродистрибуција и електро корпорацијата на Албанија за да процениме колку ќе биде намалувањето на електричната енергија од 1 јануари 2025 година. Во моментов ги анализираме и оптимизираме техничките процеси за да можеме да им понудиме на албанските граѓани пониска цена за струја од 1 јануари,  изјави Балуку.

Таа денеска беше во посета на канцелариите на Електродистрибуција, каде веќе започна да функционира кол-центар за услуги кој е достапен за потрошувачите 24 часа.

- Секој потрошувач може да се јави на бројот 042274141 за да поднесе поплаки, да пријави било каков проблем или да ги добие потребните информации. Слично, преку chatbox секој граѓанин може да пишува и прима информации во реално време, додаде Балуку.

Дигиталните услуги остануваат приоритет, рече таа и нагласи дека  "ќе продолжиме да работиме на создавање други можности за граѓаните". вт/


Фото: Балуку ФБ

 

Остани поврзан