• четврток, 09 април 2026

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Следува период на променливо облачно и посвежо време. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h), соопшти УХМР.

Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан