• понеделник, 23 декември 2024

Од Твич наводно протекоа доверливи податоци за заработката на стримерите

Од Твич наводно протекоа доверливи податоци за заработката на стримерите
Вашингтон, 6 октомври 2021 (МИА) - Од платформата за видеоигри Твич (Twich) протекоа голем број доверливи документи за начинот на работа на компанијата и нејзината заработката. На интернет денеска се објавени повеќе од 100 гигабајти податоци во кои се наведува дека водечките стримери на Твич заработиле неколку милиони долари во изминатите две години. Тие кои се одговорни за наводното истекување податоци тврдат дека имаат изворен код за видео платформата. Твич досега не потврди дека протечените документи се автентични. Компанијата Твич, која е во сопственост на Амазон, се уште не потврди дали протечените документи се автентични. Според протечените документи наводно се за плаќањата од август или септември 2019 година до октомври 2021 година, во кои е наведено дека најмногу заработиле познатите канали: „Dungeons & Dragons CriticalRole“, „Canadian xQC“ и „American Summit1g“. Покрај деталите за приходите од стриминг, документите наводно го содржат изворниот код на веб-страницата, па дури и технички детали за производите и платформите што допрва треба да се објават. ми/

Остани поврзан