• понеделник, 16 септември 2024

Од среда пообилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни

Од среда пообилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Од УХМР најавуваат дека од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни. 

Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан