• недела, 17 ноември 2024

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС - 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар. Цената на Мазутот останува 44,780 денари за килограм. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан