• вторник, 02 јули 2024

Од Лезбос за Германија заминаа 82 бегалци

Од Лезбос за Германија заминаа 82 бегалци
Атина, 11 март 2021 (МИА) – Со чартер лет од грчкиот остров Лезбос за Германија, заминаа 82 признаени бегалци, јави дописничката на МИА од Атина. Релокацијата на бегалците од островот со чартер летови за Германија е во рамките на договорот меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германската канцеларка Ангела Меркел за преземање 1.553 лица по катастрофалниот пожар во кампот Мориа, а се спроведува од Министерството за миграција и азил на Грција во соработка со Меѓународната организација за миграција и со финансиска поддршка од Европската комисија. Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека досега, од Лезбос за Германија заминале 906 признати бегалци, од кои 425 со директни летови, а 481 со летови од континеталниот дел на Грција поради рестрикциите наметнати од пандемијата. Првиот чартер лет од Лезбос за Хановер беше на средината на минатиот месец. ср/

Остани поврзан